
Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи – беше и најдобар стрелец во АБА!
Веста предизвика тага во кошаркарскиот свет, со оглед што станува збор за еден од најголемите таленти во српската кошарка, кој, за жал, не го искористи сиот свој потенцијал. Лабовиќ важеше за еден од најперспективните кошаркари во Србија, особено во почетокот на својата кариера. Својата најдобра форма ја прикажа во редовите на ФМП, каде во 2007 година беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на Купот на Србија, а две години подоцна стана и најдобар стрелец на АБА-лигата, повторно во дресот на „пантерите“.
Во текот на кариерата настапуваше и за грчки Арис, франкфуртски Скајлајнерс, како и за рускиот клуб Нижњи Новгород. Во последните години од животот се мачеше со ментални проблеми, поради кои беше сместен во психијатриска болница по инцидент во кој ја нападна сопствената сестра.