
Македонија ЃП во Гостивар брка бод(ови) за печат на враќањето во Првата лига!
„Лавовите“ со евентуален триумф во Гостивар ќе ја запечатат својата промоција пред последното коло, а нема да се лутат и ако средбатаљ заврши нерешено бидејќи и тогаш би биле во пол-позиција за камбек во елитата. Сепак, ситуацијата на табелата не е сосема јасна, а причина за тоа е фактот што натпреварот од минатото коло помеѓу Кожуф и Башкими (1-2) сè уште не е регистриран од страна на ФФМ, поради сомнежи за нерегуларности.
Брегалница, која во моменов е надвор од директната трка, теоретски сѐ уште има шанси за промоција, што, пак, зависи од одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ. Тимот од Штип денеска гостува кај Охрид во натпревар што може да биде од огромно значење. Во останатите натпревари од колото, кои исто така почнуваат во 17 часот, се сретнуваат: Башкими – Детонит, Вардарски – Вардар Неготино, Саса – Осогово, Новаци – Скопје, Победа – Кожуф, Беласица – Борец.