Урнебес во Барселона: Група девојки го замоли Јамал да ги фотографира, поим немаа кој е (ВИДЕО)

Суперѕвездата на Барселона, Ламин Јамал се најде во необична ситуација пред еден ресторан во Барселона.

Во него беше и група девојки, според јазикот кој го зборуваа би можело да се претпостави дека се од Франција и не препознаа дека спроти нив е еден од најдобрите светски фудбалери во моментов. На една од нив ѝ беше познат, па го праша како се вика, а неговиот одговор беше уште посмешен.

„Се викам Рајан“, рече тинејџерот, но девојката беше упорна и го допраша како му е името во вистинскиот живот. Една од нејзиното друштво сепак се сети и кажа кое е момчето, па дел од групата сакаше да се откаже од идејата Јамал да ги фотографира.

Фудбалерот на Барселона не мислеше така, ја заврши својата работа за која беше замолен и си продолжи со своите пријатели. Јамал има само 17 години, во јули ќе наполни 18, а веќе е во конкуренција за Златната топка.