
Шекил Онил стана ко-сопственик на италијански клуб
Откако испадна од Лега А оваа сезона, клубот од Неапол почна со сериозни промени во сопственичката структура, 66% од акциите откупи Американецот со италијанско потекло Мет Ризета, а во неговата групација се наоѓа и некогашниот кошаркар на Лејкерс, Орландо, Мајами, Бостон итн. Засега не се знае каква ќе биде улогата на Шек во целата операција и дали ќе има одредена функција во Наполи, но јасно е дека тој и партнерите сакаат по секоја цена да направат сериозен кошаркарски проект.
Кошаркарскиот клуб Наполи е формиран во 2016 година откако претходниот од овој град е згаснат во 2009 година. Пред четири сезони успеа да се пласира во Лега А и лани го оствари најголемиот успех, освојувајќи го Купот на Италија.