Арсенал ја „украде“ големата желба на Реал Мадрид - ќе плати 60 милиони евра!

Екипата на Арсенал не успеа да избори за пласман во финалето од Лигата на шампионите, откако беше елиминирана од Пари Сен Жермен со резултати 1-0 и 2-1, па така сега раководството веќе се фокусира на преодниот рок. 

Според информациите на реномираниот трансфер инсајдер Фабрицио Романо, Арсенал го обезбедил потписот на шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди од Реал сосиедад кој ќе пристигне во Лондон за сума од 60 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клазула.

Зубименди игра на позицијата дефанзивен играч за врска и е еден од клучните фудбалери во тимот од Баскија. Неговите одлични настапи му обезбедија место и меѓу и во шпанската репрезентација со која е актуелен европски шампион.

Со ова засилување, Арсенал јасно покажува дека сериозно се подготвува за следната сезона. Зубименди ќе биде третиот Шпанец во редовите на „топџиите“, по Микел Мерино и Давид Раја.

Фото: Arsenal FC/X