
Пресврт во Милан: Консеисао најверојатно останува
Раководството на клубот од Сан Сиро не планира тренерска смена, а тоа речиси сигурно нема да се случи ако Милан ја победи Болоња во финалето од Купот на Италија.
„Имаме целосна доверба во него, сконцентрирани сме да видиме како ќе ја заврши сезоната. Тој добро работи со екипата и веруваме во него“, изјави извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани.
Консеисао веќе освои трофеј во Суперкупот на Италија, а ако триумфира и во Купот, ќе стане првиот тренер на Милан по 18 години која освоил два пехара во една сезона и покрај тоа што екипата ја презеде во јануари.