
Старлета мажена за фудбалер: Не би спиела со маж кој заработува помалку од 10.000 евра!
Бившата манекенка, а сегашна старлета позната по споделувањето атрактивни фотографии на социјалните мрежи, изјави дека не би можела да биде во врска со маж што не заработува барем 10.000 евра месечно.
„Не би можела да бидам со маж кој не заработува многу. Прифатлива плата за мојот партнер е, да речеме, 10.000 евра“, рече таа, предизвикувајќи лавина реакции и критики дека е разгалена и површна.
И покрај критиките, Ана отворено признава дека во себе инвестира околу 3.000 евра месечно и тврди дека не купува ништо скапо.
„Сопругот ми дава сè“, изјави таа со гордост.
Ана е фармацевт по професија и пред да го запознае Зубков работела на институт во Харков. Денес ужива во семејниот живот и се грижи за ќерката. Александар Зубков (27) е фудбалер од средниот ред во Шахтјор Доњецк, кој за украинската репрезентација има одиграно 29 натпревари и постигнато два гола.