
Jувентус влезе во серија, врза пет победи во низа (ВИДЕО)
Беше подобар противник „старата дама“ од самиот почеток на натпреварот, но иако создаваше прилики за гол, не беа тоа оние 100% шанси. Верона иако во подредена улога во финишот од првиот дел можеше да дојде до израмнување.
Словакот Томаш Сушлов ја погоди мрежата со вистинска „бомба“ од далечина, меѓутоа неговиот гол беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд претходно во почетокот на акцијата.
Јувентус натпреварот го отвори преку Турам во 73 минута, додека Копмајнерс во финишот со својот втор погодок во сезоната ги постави конечните 2-0
Со овој триумф клубот од Торино дојде до 55 бода на четвртата позиција, пет повеќе од петтопласираниот Лацио.