Познати термините за првите две финални средби – нема да се игра преку викенд!

Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ се изборија за пласман во големото финале од плејофот со експресните полуфинални триумфи над Куманово односно Работнички (по 3-0), во кое ќе се борат за шампионската титула.

Според актите, воведните два меча ќе се играат на теренот на актуелниот шампион во Аеродром и тоа во помалку невообичаени денови – четврток (22 мај) и понеделник (26 мај) со почеток од 19.30 часот. Ова доаѓа поради желбата на сите инволвирани во кошаркарскиот спорт најважните мечеви да се играат со пренос на националниот сервис, кој за време на викендот имаат премногу активности за пренесување во живо. Преместувањето, сепак, нема им да донесе никаква разлика на актерите на теренот, ниту на тие што сакаат овие средби да ги проследат во живот, а ќе им овозможи да тие што нема да се во можност да дојдат во „Јане Сандански“ да уживаат во мајсториите на кошаркарите од двете најдобри екипи сезонава во Македонија.

За МЗТ ова ќе биде 19-то финале во клупската историја во која ќе ја бркаат 12-тата круна со што би направиле дополнително доближување до се уште недопирливиот Работнички, кој има 15 првенствени трофеи. За ТФТ, пак, ова е прво учество во плејоф-финалето и тоа против ривалот против кого го играа и првото куп-финале во кое тогаш и победија (2022 година).