
Бразилецот што го понижи Онана - прво летно засилување за Јунајтед!?
Двете страни преговараат неколку недели, Куња наводно ги прифатил личните услови и останува само уште двата клуба да ја договорат отштетата. Откупната клаузула на Бразилецот изнесува 62 милиони фунти, но од Јунајтед би се согласиле на нешто повисока сума ако Вулверхемптон дозволи таа да се плати на повеќе рати.
Куња имаше фантастична сезона во дресот на Вулфс, а се прослави со голот директно од корнер на мечот токму против Манчестер Јунајтед кога го понижи голманот на овој тим Андре Онана.