Скандал во БиХ: Претседател на клуб со синот влегол во соблекувална и го претепал судијата

Дербито на колото во Подрачна лига во БиХ, место по фудбал, ќе остане запамтено по бруталниот физички напад на главниот судија на натпреварот.

Се сретнаа Борац од Маглај и Торпедо, славеа гостите со 4-2, но тоа не му се допаднало на претседателот на Борац, Живко Драгичевиќ, Тој, заедно со неговиот син и уште еден пријател влетал во просторијата за судии и физички го нападнал главниот арбитар на мечот Горан Њезиќ, незадоволен од неговата работа.

Њезиќ притоа доживеал тешки повреди, вклучувајќи и скршен нос, а особено е загрижувачки тоа што постариот Драгичевиќ е веќе под двегодишна суспензија поради сличен инцидент, а се уште е присутен на натпреварите и никој ништо не смее да му каже.

За апсурдноста на целата ситуација најдобро зборува фактот што главниот судија не го евидентирал нападот врз него во официјалниот записник од натпреварот.