Линекер поради контроверзна објава си потпиша - отказно решение! (ФОТО)

Легендарниот Гери Линекер по повеќе од 20 години го напушта „Би-Би-Си“ поради контроверзна објава на социјалните мрежи која предизвика бурни реакции од корисниците.

Линекер имаше објава за состојбата во Газа, која за многумина беше „про-палестинска“, а исто така на фотографијата имаше глушец поради што го обвинија за антисемитизам.

„Фудбалот е фокусот на мојот живот откако знам за себе. Оваа игра многу ми значи. Никогаш не би објавил нешто кое ќе навреди некого. Сепак, ја препознавам грешката која ја направив и се извинувам јавно“, кажа Линкер.