Валенсија најави тужба против „Нетфликс“ поради Винисиус (ВИДЕО)

Популарната платформа за гледање филмови и серии „Нетфликс“ објави документарец за животот на бразилскиот фудбалер Винисиус, а посебен акцент е ставен на расистичките навреди кои ѕвездата на Реал Мадрид ги доживеа во Валенсија.

Документарниот филм го налути клубот од „Месталја“, по што Валенсија најави дека ќе поднесе тужба затоа што продуцентите го нарушиле имиџот на шпанскиот тим.

„Како одговор на неправда и лаги изнесени кон навивачите на Валенсија, клубот испрати барање до продуцентите на документарецот во врска со тоа што е прикажано, а не одговара на вистината“, соопштија од тимот на македонскиот голман Столе Димитриевски.

Во една од сцените од документарниот филм се прикажува снимка од стадионот по што се тврди дека цела трибина скандирала „мајмун“, а тоа предизвика реакција од Валенсија.

Фото: EPA PHOTO