
„Златната топка“ ќе се додели во септември во Париз - познати се фаворитите!
Светот ќе добие нов фудбалски крал, откако Родри ја освои титулата минатата година, по што следеше долга пауза поради повреда, а во меѓувреме со европската сцена доминираа голем број ѕвезди.
Рафиња и Јамал беа одлични во дресот на Барселона и ја предводеа до три титули, во Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија, па затоа важат за главни фаворити за престижната награда.