
Подарок од соништата: Јамал ја добива легендарната „десетка“ во Барселона!
Претседателот на Барселона за неговиот 18. роденден му подготвил подарок од соништата, а тоа е легендарната „десетка“ која во минатото ја носеше Лионел Меси, а потоа ја презема Ансу Фати кој разочара.
Јамал се очекува да стави потпис на повеќегодишен договор, а од следната сезона ќе ја носи „десетката“ на својот дрес.
Во договорот меѓу Барселона и Јамал се очекува да биде поставена и откупна клаузула од милијарда евра со што каталонскиот гигант ќе го осигура талентот во случај на интерес од ривалите.
Фото: Facebook/FC Barcelona