
Молдавците имаат најсмешен систем: Шериф ја заврши сезоната без пораз, а не стана шампион
Шериф Тираспол, најтрофејниот клуб во земјата, во последното коло ремизираше без голови против Милсами и ја заврши сезоната без пораз, но тоа не само што не му беше доволно за титулата, туку ни за второто место. И покрај импресивната серија, поранешниот учесник во Лигата на шампионите заврши како третопласиран бидејќи пред него завршија токму Зимбру и Милсами за кого ова е втор трофеј во историјата.
Станува збор за расплет каков нема во ниедна европска фудбалска лига бидејќи Молдавците имаат свои правила. Шериф го заврши основниот дел од сезоната со дури 15 бода пред конкуренцијата, но тоа не му донесе никаква предност во втората фаза. По завршувањето на основниот дел, во Молдавија се гледа само конечниот редослед и шест од осумте екипи продолжуваат понатаму. При влезот во втората фаза, сите дотогаш освоени бодови се бришат и се тргнува од нула, а во доигрувањето секоја екипа игра уште десет натпревари кои одлучуваат за новиот шампион.
Интересно е тоа што Милсами во основниот дел беше дури петти со шест претрпени порази, но во клучниот дел направи серија победи и ги искористи правилата кои му одмогнаа на Шериф. Оствари шест триумфи, три нерешени резултати и доживеа само еден пораз и со бод предност пред Зимбру и Шериф ја освои шампионската титула.