Наполи и Интер без тренери ќе го „ловат“ Скудетото!

Италијанската Серија А ни понуди големи возбудувања оваа сезона, па шампионот ќе се решава во последното коло, а во моментов во трка се Наполи и Интер за Скудетото, но интересно е тоа што на клупите во последното коло ќе бидат без нивните тренери Антонио Конте и Симоне Инзаги.

Тимот од Неапол во последното коло ќе го пречека Калјари, но Конте нема да биде покрај аут-линијата затоа што беше суспендиран по караницата на мечот со Парма.

Интер, од друга страна, исто така ќе биде без тренерот Инзаги бидејќи тој збесна на натпреварот против Лацио.

Доколку двете екипи завршат со ист број бодови, тогаш ќе се игра „мајсторка“ на неутрален терен.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/SSC Napoli + Facebook/Inter