
Титулата во Италија може да се решава и со мајсторка, Серија А го закажа датумот
Во своите вчерашни натпревари двата тима ремизираа, Интер против Лацио (2-2), Наполи против Парма (0-0), а драматичниот расплет го дополнува и тоа што двајцата тренери Симоне Инзаги и Антонио Конте ќе бидат суспендирани за последното коло поради црвените картони.
Но, постои и сценарио според кое во петок можеби и нема да го добиеме новиот шампион и тој би се одлучувал со „мајсторка“ во последното коло.
Такво сценарио би гледале ако Наполи изгуби од Каљари, а Интер одигра нерешено со Комо, тогаш двете екипи ќе играат за титулата во понеделник на 26 мај.
Тој натпревар за Интер би бил на само пет дена пред финалето в сабота на 31 мај против Пари Сен Жермен.