Теодосиќ ја дозна казната за беснеењето со Игокеа (ВИДЕО)

AБА лигата ја соопшти казната за Милош Теодосиќ кој во натпреварот против Игокеа беснееше и влезе во жестока расправија со судиите,  директорот на АБА лигата, Mилија Војиновиќ како и комесарот за судење Срѓан Дожај.

Кошаркарот на Звезда беше исклучен, а сега заработи суспензија од три натпревари, може да се каже и дека добро помина бидејќи првично се најавуваше суспензија и од пет натпревари што за Теодосиќ можеше да значи и крај на сезоната.

Казната за Теодосиќ започнува од полуфиналето против Будуќност, а исто така ќе мора да плати и сума од 10.000 евра.

 

Фото: KK Crvena Zvezda/X