Перез го „мерка“ синот на Роналдо: Испратил скаути и во Хрватска, а тој - не воодушевил!

Во изминаите деновии на фудбалски турнир во Хрватска во дресот на селекцијата до 15 години дебитираше Кристијано Жуниор, синот на Роналдо, но според првичните информации на скаутите кои го следеле одблиску неговиот настап и не воодушевил премногу.

Португалија го освои турнирот откако ја победи Хрватска во финалето до 3-2, а во тој натпревар токму Кристијано Жуниор беше стрелец на два гола. Шпанските медиуми пишуваа дека дури Флорентино Перез испратил свои скаути да го следат настапот на синот на Португалецот. Сепак, и покрај погодоците во финалето оценката за неговиот настап не е превисока.

Голем дел од скаутите кои го следеле од почетокот на турнирот имале сериозни критики, меѓутоа еден од најпознтите „ловци на таленти“, Јацек Кулиг смета и дека не треба да се биде толку остар кон младиот фудбалер.

„Некои скаути не беа воодушевени од неговата игра, но според мене, ситуацијата не е толку драматична. Тој сè уште расте и се развива. Во одредени моменти изгледа несмасно, што е нормално за неговата возраст. Притисокот што го носи неговото име е огромен. Ако успее да достигне дури и 1% од кариерата на неговиот татко, тоа ќе биде исклучителен успех“, изјави Кулиг.

Споменатите погодоци во финалниот натпревар против Хрватска беа и први за Кристијано Жуниор во една селекција на Португалија.

Фото: Cristiano Ronaldo/FB