Алонсо донел одлука: Позната иднината на Модриќ

Изгледа дека иднината на најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид е конечно решена.

Карло Анчелоти заминува, Лука Модриќ полни 40 години и тоа беа најгласните аргументи поради кои се очекуваше дека за хрватскиот репрезентативец завршува епизодата на „Сантијаго Бернабеу“.

Но, според последните информации кои ги објави „Марка“, Чаби Алонсо кој ако не се случи некој голем пресврт ќе го наследи Анчелоти, сака да го има Модриќ во својот тим.

Договорот на Модриќ истекува во јуни, меѓутоа веројатно дека Модриќ би прифатил да остане. Најавите се дека Реал Мадрид ќе ја продолжи соработката со хрватскиот ветеран за уште една година, што всушност е и вообичаено за фудбалерите во поодминати години во Мадрид.

Модриќ и сезонава покажа дека може да игра на највисоко ниво и вкупно собра 55 настапи во кои постигна четири гола и додаде девет асистенции.

Фото: Real Madrid C.F/X