ВАР вечерва поништи еден од најубавите голови во Серија А (ВИДЕО)

Eкипата на Верона беше блиску да има водство на полувремето против Јувентус, но погодокот кој го постигна Словакот Томаш Сушлов беше поништен по реакција на ВАР.

Сушлов погоди со вистинска „бомба“ од далечина, меѓутоа ВАР реагираше поради офсајд претходно во почетокот на акцијата и ги разочара гостинските фудбалери.