На Инфантино му недостасуваат 16 гласови, засега има само еден противник
Според пишувањата на францускиот „РМЦ Спорт“, Инфантино во моментов ја има поддршката од околу 90 национални фудбалски сојузи, а за мнозинство му се потребни 106 гласа. Швајцарецот, кој е претседател на ФИФА од 2016 година, ја продолжува својата кампања, со посебен фокус на зајакнување на поддршката во Азија.
Единствениот кој досега официјално најави дека ќе му се спротивстави е неговиот сонародник Рамон Вега. Поранешниот швајцарски репрезентативец во играчката кариера настапуваше за Тотнем и Кретел, а сега сака да стави крај на ерата на Инфантино.
За неговата кандидатура да биде потврдена, Вега мора да обезбеди поддршка од најмалку пет од вкупно 211 земји-членки на ФИФА. Дури тогаш, во март, би можел да влезе во директен дуел со актуелниот претседател.
Сепак, постои простор за изненадување, бидејќи ниту последната седница на Советот на ФИФА не ги смири тензиите околу начинот на кој Инфантино ја води организацијата.
Сепак, бројот на потенцијални кандидати сè повеќе се намалува. Претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, кој долго време важеше за сериозен противкандидат, дефинитивно се откажа од претседателската кандидатура.