Mбапе, Ѓулер и Диоманде ја уништија Севиља во Мадрид (ВИДЕО)
Избраниците на Мурињо тргнаа офанзивно од самиот старт, па така по половина час го отворија резултат. Арда Ѓулер во свој стил постигна одличен гол со удар од далечина по додавањето од Диоманде.
Само 17 минути подоцна на сцена стапи Килијан Мбапе кои имаше мало шоу и си поигра со одбраната на гостите поминувајќи го и голманот за да стрела за 2-0. Со два гола предност домаќините заминаа на одмор.
По нешто помалку од 20 минути игра во второто полувреме Реал дојде и до трет гол, Мбапе по вторпат се запиша во листата на стрелци, сега од пенал. Севиља не создаваше многу прилики, меѓутоа успеа да ја погоди мрежата на Куртоа преку Буено во 80-тата минута.
Конечниот резултат го постави Диоманде само две минути подоцна. Навивачите на Реал можат да бидат среќни и за подигнувањето на формата пред „Ел Класико“ идниот викенд, вклучувајќи го и натпреварот со Рома во Лигата на шампионите, Реал е во серија од три победи во низа.