Таеквондистката Ведрана со одличен настап во Франција - се враќа со сребро!

Ведрана Туневска од редовите на ТК Бутел донесе успех за македонското таекводо и освои сребрен медал на Европското Гранд При (Е6) во кадетска конкуренција до 51 килограм.

Со три победи против натпреварувачки од Франција, Турција и Кипар, Ведрана се пласираше во големото финале и освои сребрен медал во исклучително силна конкуренција.

Овој резултат претставува екстремно голем успех за македонското таеквондо, особено ако се земе предвид дека станува збор за олимписки спорт и за натпреварување на највисоко европско ниво во нејзината возрасна и тежинска категорија.

Со освоениот медал, Ведрана обезбеди нови 32 бодови и директен пласман на Финалното Гранд При, отворајќи ја вратата за нови меѓународни успеси.