Петкратен германски шампион по шест кола е без бодови во Бундеслигата!
По шест одиграни кола Борусија сè уште нема освоено ниту еден бод, а последниот пораз го претрпеа од Хофенхам со 1-2 на домашен терен.
Гостите поведоа преку Конте во 11. минута, но надежта на домаќините дека конечно ќе освојат бодови ја врати Мохија во 49. минута.
Сепак, само пет минути подоцна, играчот од средниот ред на Хофенхајм, Александер Прас, погоди за продолжување на агонијата на петкратниот шампион на Германија.
SO WICHTIG! https://t.co/n4GHeyh7HT
— TSG Hoffenheim (@tsghoffenheim) October 18, 2026