Ристовски асистент и исклучен за Динамо: Хајдук освои бод во Загреб (ВИДЕО)

Динамо Загреб и Хајдук Сплит одиграа нерешено (2-2) во 24. коло од хрватската лига, а натпреварот го одбележа и македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој запиша асистенција, но доби и црвен картон.

Ристовски во петтата минута му асистираше на Батурина за предност од 1-0 на Динамо, но Фрањиќ со автогол ги врати гостите од Сплит во игра за победа.

На почетокот на вториот дел Пјер-Габриел погоди за ново водство на Динамо (2-1), по што Ристовски доби два жолти картони за шест минути и беше исклучен од средбата.

Хајдук напаѓаше кон противничкиот гол и конечно успеа да го скрши отпорот во 91. минута кога Кровиновиќ погоди за 2-2.

Дел од натпреварот беше уште еден македонски интернационалец, Аријан Адеми, кој се повреди на почетокот од средбата.

Динамо остана на третата позиција со 39 бодови, додека Хајдук е втор со 45 поени, односно еден помалку од лидерот Риека.