Нејмар му држел фудбалски лекции на Меси

Бразилскиот фудбалер Нејмар во еден подкаст откри интересни детали од неговиот однос со Лионел Меси.

Нејмар откри дека Меси за време на еден тренинг го замолил да му покаже како ги изведува пеналите.

„Му помагав на Меси за пеналите. Бевме на тренинг и тој ме праша како толку добро изведувам пенали. Потоа му реков: Ти си Меси, ако можам јас, можеш и ти“, открива Бразилецот.

Меси бил скромен и ги послушал советите на Нејмар за изведување на пенали.