Убедливи победи на Бутел и Охрид, Прилеп тесно ја совлада Струга

Бутел со 35-27 го совлада Бисинов, Охрид беше уште поубедлив откако со 38-20 го победи Куманово, тесно беше на мечот меѓу Прилеп и Струга кој го добија домаќините со 24-23.

Бутел кој веќе го имаше обезбедено местото во плејофот, без притисок влезе во дуелот со Бисинов и лесно го урна тимот од Велес.

Во првото полувреме беше тесно, неизвесно, на одморот се отиде со предност на домаќинот само од 15-14, но во вториот дел беше поинаку, домаќините додадоа гас за конечна победа од 35-27.

Лесен триумф славеше Охрид над Куманово. Тие уште во првото полувреме го решија победникот на овој меч, на паузата имаа водство со 16-9. До крајот дополнително ја зголемија предноста за конечни 38-20.

Најнеизвесно беше на мечот меѓу Прилеп и Струга каде по голема борба домаќините славеа со 24-23.