
Бостон го победи Денвер, Селтикс го претепаа Јокиќ
Тимот од Масачусетс славеше со 110-103, апсолутно заслужено бидејќи беше во водство во текот на целиот натпревар. Можеби победата можешше да биде изразена и со поголема разлика, ако се знае дека во неколку наврати предноста одеше и до +20, но Денвер успеа да го направи финишот максимално неизвесен.
На околу две минути пред крајот гостите се доближија на само три поени негатива (99-102), но неколку брзоплети напади и лоши одлуки придонесоа да не дојде до голем пресврт на овој меч. Ал Хорфорд и Дерик Вајт постигнаа кошеви во клучните моменти, колку да ја потврдат победата на шампионот.
Браун беше најефикасен на мечот со 24 поени, Браун додаде 22, а Хорфорд 19. Кај Денвер, прв стрелец беше Мареј кој постигна 26 поени, Јокиќ беше блиску до нов трипл дабл, но остана покус за една асистенција (20 поени, 14 скока, 9 додавања).
Србинот беше буквално претепан на овој меч што и не е некоја новост во НБА, но факт е дека Селтикс не бираа средства да го запрат најдобриот противнички играч. Уште во првата четвртина доби голема расекотина на раката што влијаеше на неговата концентрација, па и играта на овој меч. Како последица на тоа, Јокиќ беше максимално нервозен, многу пати реагираше на одлуките на судиите, а тоа се одрази и на конечниот резултат.