
Аморим по куп-елиминацијата: Наша цел останува триумф во Премиер лигата!
„Ѓаволите“ загубија од Фулам по изведување пенали, откако натпреварот заврши 1-1 по 120 минути игра.
„Нашата долгорочна цел е да ја освоиме Премиер лигата. Не знам кога точно и колку време ќе биде потребно, но тоа е нашата цел. Без разлика што се случува, ние ќе продолжиме напред“, изјави Аморим.
По елиминацијата од двата домашни купа, Јунајтед се соочува со тежок предизвик во осминафиналето од Лига Европа против Реал Сосиедад. Во Премиер лигата, тимот се наоѓа на 14. позиција со 33 бода, што дополнително ја комплицира сезоната за „црвените ѓаволи“.