
Алкараз: Ѓоковиќ е добар глумец
Прашањето беше кој е најдобар глумец на Турот, а учествуваа неколку тенисери и тенисерки. Интересен беше одговорот на Карлос Алкараз кој го посочи Новак Ѓоковиќ.
„Би рекол дека Новак е најдобар, има енергија и харизма“, рече Алкараз кој му се воодушевува на Србинот во уште неколку сфери од животот.
Ѓоковиќ се одлучи за Рубљев за кого рече дека е добар глумец во акциони филмови, додека кај тенисерките, за најдобар актерка ја избра Арина Сабаленка.