
Интер ќе биде три недели без еден од најдобрите фудбалери
Димарко се повреди во дербито против Наполи, па ќе мора да паузира дури три недели, а тоа значи дека ќе ги пропушти средбите против Монца, Аталанта и двомечот со Феенорд.
Фудбалерот на „нераурите“ оваа сезона настапи на 33 натпревари, при што постигна четири голови и шест асистенции во сите натпреварувања.