
Oдлична вест од Италија: Кеан може да се врати на терените
Врз Кеан беа направи детални прегледи на главата по повредата со која се здоби, но за среќа не станувало збор за ништо сериозно.
„На Мојс Кеан утрово му беа направени дополнителни прегледи по повредата на главата која ја заработи во натпреварот против Верона. Резултатите покажаа дека тој може да продолжи со стандардните активности на еден фудбалер“, објави Фиорентина.
Кеан се повреди на 23 март во натпреварот против Верона кога по еден со двајца противнички фудбалери му беше укажана лекарска помош, а по враќањето на теренот колабираше.