
Навивачите ќе збеснат: Газдата на Валенсија избра нов претседател - својот син!
Славниот шпански тим со години се наоѓа во големи резултатски и финансиски проблеми, но сезонава поминува низ убедливо најлошиот период.
Клубот е во зоната на испаѓање, се протестираше повеќе пати против Питер Лим и неговата политика, но тој изгледа нема намера да го продаде клубот, иако се шпекулираше дека Кристијано Роналдо е заинтересиран.
Сега Валенсија преку клупските канали потврди дека синот на Питер Лим ќе го наследи Лајун Чан на претседателското место.
„Валенсија гледа кон иднината со оптимизам потврдувајќи ја посветеноста на навивачите. Заедно ќе постигнеме големи работи“, стои во соопштението.
Тимот каде што Столе Димитриевски во овој момент има улога на втор голман зад Грузиецот Мамардашвили се наоѓа на 18. место со 24 освоени бодови.