„Бомба“ од Шпанија: Роналдо ќе ја спасува Валенсија?!

Кристијано Роналдо намерна има намера да откупи поголем пакет од акциите во Валенсија, клубот на Столе Димитриевски, пренесува „Фут Меркато“.

Истиот извор наведува дека актуелниот сопственик на Валенсија, Питер Лим е расположен да разговара со Роналдо за продожба на поголем пакет од акциите на поранешниот шпански шампион.

Исто така се наведува дека Роналдо сака по завршувањето на кариерата во Ал Наср да се врати во Шпанија каде што од 2009 до 2018 година го носеше дресот на Реал Мадрид.

Во целиот процес олеснителна околност е што Роналдо е пријател со Питер Лим. Ако се остварат најавите тоа би значело крај на финасиските проблеми со кои се соочува овој клуб одреден период.

Валенсија сезонава и резултатски е под очекувањата, па клубот се наоѓа во зоната на испаѓање со ист број на бодови како и Лас Палмас кој е прв клуб над линијата. Во наредниот натпревар в недела Валенсија ја очекува гостување кај Осасуна во Памплона.