Хаос во Франција: Украден вреден сувенир со потписот на Лионел Меси! (ФОТО)

Масовните протести во Франција, кои во повеќе градови прераснаа во насилни нереди и грабежи, донесоа и една необична приказна што го привлече вниманието на фудбалската јавност.

Меѓу предметите што наводно биле украдени во Париз се најде и вреден колекционерски сувенир поврзан со Лионел Меси.

Според информациите што ги објавија светските медиуми, еден од учесниците во нередите одзел врамена капитенска лента со потписот на аргентинската фудбалска ѕвезда.