
Париз испушти победа против Фенербахче, не помогна ниту Шортс со 22 поени
Шортс повторно беше најдобар поединец на теренот и средбата ја заврши со 22 поени, осум асистенции и еден скок. Второ име беше кошаркарот на Фенербахче, Гудуриќ кој уфрли 19 поени.
Тимот на Шортс беше подобар противник во првото полувреме во кое дојде и до 12 поени предност, но со почетокот на третата четвртина Фенербахче започна да игра подобро, а на крајот и го сврте резултатот во своја корист.
На табелата по 27 одиграни натпревари Фенербахче е второпласиран, додека Париз е две позици подоле.