
Гостивар во натпревар со над 200 поени го изненади Кожув
Со овој триумф Гостивар му се реваншираше на Кожув за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија, но исто така и ги задржа шансите за пласман во плеј-офот.
Првото полувреме од натпреварот донесе израмнета игра и воведните десетина минути им припаднаа на домаќините (28-25), а Гостивар со ист резултат возврати во вториот дел, па на паузата на семафорот сотеше 53-53.
Третиот период донесе игра речиси без грешка кај гостите, па така успеаа да направат десет поени на разлика и на крај токму тој период се покажа како одлучувачки. Најефикасен кај Гостивар беше Елис со 23, додека за Кожув не помогна фантастичното издание на Колев кој „броеше“ до 34.