
„Ме фаќа паника пред финалето – сакам да ги израдувам нашите напатени навивачи!“
„Ѓаволите“ се пласираа во финалето на второто по квалитет европско натпреварување, откако во полуфиналниот двомеч го совлада Атлетик Билбао со вкупен резултат од 7-1. Финалето ќе се игра на 21 мај во Билбао, а противник ќе биде Тотнем.
„Веќе чувствувам притисок поради финалето. Ако не победиме, целиот труд досега ќе биде залуден. Среќен сум што сме дел од едно вакво финале“, изјави Аморим.
Тој нагласи дека на фудбалерите им е важно да се оддолжат на фановите за поддршката низ тешката сезона.
„Ќе се обидеме да победиме – тоа е најмалку што можеме да направиме за нашите напатени навивачи. Беше навистина тешко да се биде тренер на овој клуб оваа сезона. Сакаме да им дадеме нешто вредно. Се работи не само за пласман во Лигата на шампионите, туку за чувството дека можеме да направиме пресврт“, додаде тој.
Победникот на Лигата на Европа ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Бидејќи ниту Јунајтед ниту Тотнем немаат шанси за европски настап преку Премиер лигата – каде што се наоѓаат на 15. односно 16. позиција – финалето добива уште поголемо значење.
ФОТО: EPA PHOTO