Поранешниот фудбалер на Милан, Виљареал и Валенсија ќе игра во Малезија

Шпанскиот фудбалер Саму Кастиљехо започна нова епизода во својата кариера потпишувајќи за малезискиот клуб Јохор Дарул Тазим.

Овој 30-годишен поранешен крилен напаѓач пристигнува како слободен играч откако во последните шест месеци беше без клуб. Претходно последниот клуб за која настапуваше беше Валенсија.

Во прашање е клуб кој е еден од најдобрите во малезискиот фудбал, но и клуб кој во своите редови веќе има дури 13 шпански фудбалери.

Малезискиот клуб верува дека со своето искуство од Ла Лига и Серија А каде што со Милан стана шампион ќе може да помогне во нивниот поход по Азиската Лига на шампиони.