Бензема: Заминав од Европа зашто не сакав да играм против Реал Мадрид!

Францускиот напаѓач Карим Бензема во интервју зборуваше за неговото заминување од Реал Мадрид, како и одлуката да се пресели во Саудиска Арабија, иако имаше понуди од европски гиганти.

Бензема го известил претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез дека сака да замине затоа што Винисиус и Родриго се подготвени да го наследат, а воедно ја напуштил Европа затоа што не сакал да игра против шпанскиот гигант.

„Тука се чувствувам убаво. Станувам, тренирам и понекогаш излегувам на вечера. Со Реал Мадрид направив сè. Почнав како дете, а завршив како маж. Сакав да заминам додека сум во најдобра форма. Реал Мадрид е најдобриот тим во светот и не сакав да одам во друг клуб што може да игра против него“, кажа Бензема.