Работнички и Вардар ќе се соочат на тренинг-центарот „Петар Милошевски“

Градските ривали Работнички и Вардар ќе се соочат в среда од 14 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Работнички и Вардар нема да заиграат на Арената „Тодор Проески“ поради тоа што тревникот се штити за мечот меѓу Македонија и селекцијата на Велс.

Вардар по 21 одиграно коло е на 10. место со 17 бодови, додека Работнички е третопласиран со 41 поен.