
И одбојкарскиот Ф4 во Азија: Доха прв фаворит за завршниот турнир од Лигата на шампионите
Првиот човек на полска одбојка Себастијан Швидерски денеска објави дека главниот град на Катар, Доха е прв фаворит за организација на Ф4 од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Меѓу кандидатите се и полскиот Лоѓ и германскиот Берлин, но имајќи ја предвид финансиската моќ на Катарците, може да се претпостави каде ќе се одреди новиот европски клупски шампион.
„Во процес на преговори сме, оваа недела ќе биде одлучувачка бидејќи не очекуваат многу тешки разговори“, изјави, меѓу другото, Швидерски кој додава дека Полјаците не прифатиле да го организираат завршниот турнир бидејќи биле потребни 1,5 милиони евра.
Завршниот турнир кај дамите ќе се одржи во Истанбул, а наскоро ќе се знаат екипи кои ќе се борат за трофејот во двете конкуренции.