Нејмар треба да исполни еден услов ако сака преговори со Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар во моментов го носи дресот на Сантос, но сака повторно да заигра за Барселона, а шпанскиот медиум „Спорт“ пишува дека тој мора да исполни еден услов за да почне преговори со каталонскиот гигант.

Нејмар мора да постигне 15 голови за да почне разговори со Барселона, а можеби и да си договори трансфер во неговиот поранешен тим.

„Постигни 15 голови за Сантос и ќе разговараме“, наводно кажал важен член на управата на Барселона, пишува шпански „Спорт“.

Бразилецот досега во кариерата играше за Сантос, Барселона, ПСЖ и Ал-Хилал.