Албанец главен кандидат за нов спортски директор на Милан

Новата сезона очигледно ќе донесе големи промени во Фудбалскиот клуб Милан, а освен во играчкиот кадар, нови имиња ќе има и во менаџментот.

Италијанските медиуми тврдат дека најверојатно ќе биде назначен нов спортски директор, а според добро информираниот новинар Џанлука ди Марцио, прв фаворит за позицијата е албанската фудбалска легенда Игли Таре. Минатата недела тој имал состанок со сопственикот на Милан, Гери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ поради што Албанецот е во пол-позиција. Меѓу другото, тој има и 15-годишно искуство на оваа позиција во Лацио, од 2008 до 2023.

Конуренција на Таре ќе бидат Андреа Берто кој неодамна го напушти Атлетико Мадрид и Фабио Паратичи за кого е заинтересиран и Арсенал.