
Левандовски ја игра најефикасната сезона во Барса, а има уште три месеци до крајот
Со 21 гол е прв стрелец во Ла Лига, четири повеќе од второпласираниот Килијан Мбапе, а вкупно сезонава веќе стигна до 34 гола во сите натпреварувања. Тоа е негов најдобар биланс откако е член на Барселона бидејќи во првата кампања постигна 33, а во втората 26 гола.
Оваа бројка може драстично да биде променета бидејќи до крајот на сезоната има уиште три месеци, а Барса ја очекуваат уште најмалку 15 натпревари: 12 во шпанското првенство, два во Лигата на шампионите и еден во Копа дел Реј. Оваа бројка може да биде и зголемена ако каталонскиот тим успее да го продолжи патот во куп-натпреварувањата.