Ѓоковиќ со помош на Мареј ќе го „лови“ 100. трофеј во кариерата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја продолжи соработката со Енди Мареј и на мастерсите во Индијан Велс и Мајами ќе го „лови“ 100. пехар во богатата кариера.

Турнирот во Индијан Велс ќе се одржи од 5 до 16 март, а Србинот ќе се обиде да оствари подобар резултат, откако минатата година испадна во третата рунда.

Ѓоковиќ со помош на Мареј, кој не беше со него во Доха, ќе се обиде да стигне до уште една важна титула во кариерата.

Титулата во Индијан Велс ќе ја брани Карлос Алкараз, додека на мастерсите во САД нема да учествува првиот тенисер во светот, Јаник Синер поради суспензија.