Чудесна трансформација на Дончиќ, за две недели од „дебелко“ стана - манекен (ФОТО)

Точно еден месец помина откако Лука Дончиќ ја потресе светската кошарка со трејдот од Далас во Лејкерс.

Иако тој не беше иницијатор на тој „трансфер“, многу прашина се крена околу неговиот премин во Лос Анџелес. Како главна причина за тоа, генералниот менаџер на Далас и сопственикот на франшизата ја посочија физичката подготовка на словенечкиот кошаркар за кого тврдеа дека има многу килограми повеќе. На Дончиќ не му се допаднало тоа и од она што може да се види во моментов, напорно работел за да се смени тоа.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Дончиќ кој сега е драстично променет. Се поправа и неговата форма, полека се вклопува во тимот на Лејкерс, на задоволство на навивачите на овој тим и јасно е дека претстои возбудлив период во НБА.