Брутална тепачка меѓу навивачите на Војводина – еден хулиган се бори за живот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Војводина и Спартак, кој вчера заврши со пораз на домашниот тим со 1-3 по што оставка поднесе тренерот Ненад Лалатовиќ, беше засенет од немили сцени на трибините – имаше жестока пресметка меѓу домашните навивачи.

Стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад беше поприште на насилство, откако дојде до физичка пресметка меѓу различни фракции на навивачката група на Војводина. Членови на групата „Фирма Лиман“, кои го следеа натпреварот од источната трибина, беа нападнати од навивачи од северната трибина.

Снимките од инцидентот покажуваат шокантни сцени – тепачки со факли и жестоки удари, при што еден навивач заврши во Ургентниот центар во тешка состојба. Немирите на трибините предизвикаа реакции и на теренот, каде некои од играчите со неверување ја следеа ситуацијата, држејќи се за главите.